• понеделник, 02 септември 2024

Одбојкарот Јовица Симовски донираше спортска опрема во училиштето во Долно Седларце

Одбојкарот Јовица Симовски донираше спортска опрема во училиштето во Долно Седларце

Тетово, 29 март 2022 (МИА) - Тетовскиот одбојкар Јовица Симовски донираше спортски реквизити за ученици од ПОУ „Кочо Рацин“ во тетовско Долно Седларце.  Донирани се топки за одбојка, фудбал,ракомет, препреки и јажиња за скокање, разни видоци конуси, сталаци и душеци.

- На часот по физичко и здравствено образование не посети одбојкарот Јовица Симоски. Насмевките кај учениците не можеа да се сокријат. Голема благодарност до него за прекрасните спортски реквизити кои ги подари на учениците од нашето училиште. За руралните училишта ваквите активности се од огромно значење. Се надеваме дека ова ќе биде поттик и за многу други, информираа од ПОУ „Кочо Рацин“.

Симовски е роден 1982 година, а во одбојкарската кариера освен за домашните клубови има настапувано и за повеќе екипи во Франција и Белгија. ас/зс

Остани поврзан