• среда, 25 декември 2024

Одбојкарите на Струмица за противник во ЛШ го добија Олимпиjакос Пиреус

Одбојкарите на Струмица за противник во ЛШ го добија Олимпиjакос Пиреус

Струмица, 17 јули 2024 (МИА) - Македонскиот одбојкарски шампион, екипата на Струмица, за противник во квалификациското коло за влез во групното натпреварување во Лигата на шампиони на ЦЕВ за противник го доби грчкиот шампион, Олимпиjакос Пиреус.

Стратегот на струмичани, Кире Ричлиев, смета дека добиле квалитетен противник, но не се откажуваат во третиот настап во ЛШ да се обидат да направат изненадување.

- Олимпиjакос е мошне силен противник, кој минатата сезона го освои Челинџ купот. Ќе ни биде мошне тешко, но се надевам дека достојно ќе ја презентираме македонската одбојка, изјави Ричлиев, чија екипа минатата сезона освен со сениорите ги освои шампионските титули во сите конкуренции.

Првиот натпревар нашите одбојкари го играат во гости во терминот од 17 до 19 септември, а реваншот е во Струмица од 24 до 26 септември. рт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан