• среда, 18 декември 2024

Одборот за високо образование во САНУ ги поддржа студентските протести

Одборот за високо образование во САНУ ги поддржа студентските протести

Белград, 13 декември 2024 (МИА) - Одборот за високо образование на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) ги поддржа студентските протести и ги осуди како „неприфатливи“ закани и физички напади врз студентите, соопштени денеска ова тело, пренесе Бета.

Во соопштението се наведува дека Одборот смета дека е позитивно тоа што „младите кои се стремат кон највисоките нивоа на образование и од кои во голема мера зависи иднината на нашата земја, имаат свое мислење за општеството во кое живеат и се подготвени да ги кажат своите ставови јавно и јасно“.

„Членовите на Академскиот одбор за високо образование на САНУ остро се спротивставуваат на оние кои ги спречуваат студентите да ги кажат своите мислења и барања и особено укажуваат дека е неприфатливо во секое општество кое се смета себеси за демократско - да има евидентирани случаи на закани и физички напади врз ученици и закана по нивната безбедност“, се наведува во соопштението на Одборот.

Одборот, исто така, ги осуди „сите оние кои ги попречуваат и девалвираат студентските напори обидувајќи се да го искористат нивниот искрен општествен активизам за своја политичка корист“.сд/

Остани поврзан