• среда, 25 декември 2024

Одбиена жалбата на Нотингем Форест за одземените бодови

Одбиена жалбата на Нотингем Форест за одземените бодови


Лондон, 7 мај 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Нотингем Форест не успеа во својата жалба да го поништи одземањето четири бодови поради нивното прекршување на правилата за профит и одржливост на Премиер лигата во сезоната 2022/23, објави денеска лигата.
Форест поднесе жалба откако казната во март ги доведе во опасност од испаѓање. Клубот сега е на 17. место на табелата со 29 бодови, три бодови над опасната зона на само две кола до крајот на сезоната.
„Независниот совет за жалби ја потврди одлуката на Комисијата да одземање четири бодови на Нотингем Форест поради прекршување на правилата за профитабилност и одржливост на Премиер лигата‘, се вели во соопштението на лигата.
Форест в сабота го пречекува Челзи, а сезоната ќе ја заврши на гостински терен против Барнли на 19 мај. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан