• четврток, 26 декември 2024

Одбиена жалбата на Асанж против екстрадицијата во САД

Одбиена жалбата на Асанж против екстрадицијата во САД
Лондон, 14 март 2022 (МИА) - Џулијан Асанж не доби дозвола да поднесе жалба до Врховниот суд на Велика Британија против потезите за негова екстрадиција во САД, соопштија денеска судот и Викиликс. Врховниот суд рече дека неговата апликација „не покрена спорна правна точка“. Викиликс соопшти дека министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател сега ќе одлучи дали да го одобри барањето. Американските власти го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, бидејќи Викиликс објави голем број доверливи американски документи, кои, според Вашингтон, загрозувале човечки животи. На 10 декември, САД го добија спорот за екстрадицијата на Асанж пред Високиот суд во Лондон. Асанж негираше дека сторил какво било кривично дело, а од 2019 година е во британски затвор. аа/

Остани поврзан