• четврток, 26 декември 2024

Одбележување 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG

Одбележување 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG.

Како што информира Министерството за одбрана, на свеченоста предвидени се обраќања на министерот за одбрана Владо Мисајловски, претседавачот на Координативниот комитет на SEDM и на Политичко-воениот управен комитет Симона Којачару, како и на командантот на Командата на SEEBRIG, бригадниот генерал Билбил Битри.

Најавено е и присуство на началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменици министри за одбрана на Бугарија и Романија, генерали од армиите на Бугарија, Романија, Грција, Турција, командантот на ЕУФОР АЛТЕА, директорот на RACVIAC, командантот на Бригадата на Литванија - Полска - Украина и на други високи гости од земјите-членки на SEDM/SEEBRIG и од воено дипломатскиот кор. бд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан