Триесет години дипломатски односи со УНХЦР: Конвенцијата за бегалците е еден од најпочитуваните инструменти за човекови права на ОН
- Конвенцијата за бегалците и Протоколот придонесоа да се заштитат милиони лица и тој е еден од најпочитуваните инструменти за човекови права коишто ОН го имаат во функција. Можеме да им покажеме на другите земји коишто се борат со бездржавјанството дека решенија се можни и со политичка волја овие прашања можат да бидат разрешени. Ова беше посочено на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставување дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации и отворањето на Канцеларија на УНХЦР во Скопје во 1994 година, што се одржа во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. По овој повод беше промовирано и видео во кое беа истканати активностите на УНХЦР во држвава и сведоштва на бегалци кои се здобиле со државјанство.
Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Конвенцијата за бегалците и Протоколот придонесоа да се заштитат милиони лица и тој е еден од најпочитуваните инструменти за човекови права коишто ОН го имаат во функција. Можеме да им покажеме на другите земји коишто се борат со бездржавјанството дека решенија се можни и со политичка волја овие прашања можат да бидат разрешени. Ова беше посочено на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставување дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации и отворањето на Канцеларија на УНХЦР во Скопје во 1994 година, што се одржа во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. По овој повод беше промовирано и видео во кое беа истканати активностите на УНХЦР во држвава и сведоштва на бегалци кои се здобиле со државјанство.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази благодарност до тимот на УНХЦР во земјава за понудената експертиза, ресурсите, посветеноста и насоките, што е значајно за усогласување на нашите политики со сите меѓународни стандарди и кои придонесоа за негување на културата на толеранција и инклузија.
-Овие три децении нашата соработка со УНХЦР беше ставена на тест низ бројни предизвици. Но токму во тие моменти силата на нашето партнерство најмногу дојде до израз. Заедно работевме на зачувување на хуманоста, достоинството и солидарноста, нудејќи заштита, помош и надеж на илјадници бегалци, баратели на азил и раселени лица кои побараа безбедност во рамки на нашите граници. Особено во 1999 година за време на косовската криза покажавме дека дури и релативно мала земја како нашата, може да игра значајна улога во унапредувањето на хуманитарните стандарди, рече Муцунски.
Нашата земја, посочи, тогаш беше засолниште на 344.500 бегалци кои заедно со УНХЦР и други меѓународни и регионални организации им беше обезбедена нега и сместување.
-Светот не препозна како мала земја што успешно се справи со предизвиците на огромна бегалска криза. Активно бевме вклучени во напорите за поддршка на бегалците и раселените лица преку градење поцврст систем за азил, креирање на поддршка на програми за интеграција, овозможување пристап до основните услуги како образование, здравствена заштита, и создавање достоинствени услови да ги обноват своите животи. Покажавме издржливост и приспособливост во усогласувањето на националните политики со начелата на меѓународното хуманитарно право, нагласи Муцунски.
Регионалниот директор за Европа- УНХЦР, Филип Леклер истакна дека луѓето, на кои им се издадени лични документи и државјанства можат да водат нормален живот.
-Ниеден континент не е поштеден од конфликти, вклучително и тој во кој и ние живееме и кого го сметавме дека е континентен во кој мирот е константа. Сега гледаме речиси три години конфликт кој продолжува и милиони се раселени внатре во Украина и повеќе од шест милиони се иселија од Украина, вклучително и во вашата земја каде им обезбедувате привремена заштита, рече тој.
Истакна дека Советот за безбедност не е во можност да спречи да се случуваат конфликти и не е во можност да најде трајни решенија за стари конфликти, што, како што кажа доведе до тоа 123 милиони луѓе да бидат присилно раселени на планетата Земја низ сите континенти.
-Но навистина е важно да видиме надеж. Видовте во видеото дека надежта може да им овозможи и на бегалците да учествуваат на Олимписки игри, дали Параолимпски или Олимписки или некои дури и да освојуваат и медали и ова се примери на отпорност и надеж за поединците, а сега имаме можност и надеж дека за 13 милиони луѓе кои се присилно раселени во својата земја и надвор од својата земја дека е можен еден кршлив пат до мирот којшто ќе им овозможи постепено да се вратат во својата земја. Слушнавме за нетрпението кое што некогаш го имаат некои европски земји во однос на тоа дека привремената заштита треба да се укине и азилот да се укине, но тоа што е важно за нас е да има отпорност, да има надеж којшто го придружуваат овој процес којшто ќе им создаде услови на луѓето навистина да одлучат да се вратат во својата матична земја во услови на безбедност и достоинство, рече Леклер.
Истакна дека е важна поддршката на УНХЦР на земјите кои се домаќини на бегалците. -Како што видовме во вашата земја за време на босанската војна кога бегалци од БиХ и од Хрватска беа примени во оваа земја, кога се случи исто така и косовската криза кога речиси милион косовски државјани дојдоа овде и вие им понудивте времена заштита, во 2013 година исто така кога многу Сиријци доаѓаа во Грција и на вашата граница пред да го продолжат својот пат кон остатокот од Европа, особено Австрија, Германија и скандинавските земји. Вие одигравте значајна улога и во секој од овие случаи УНХЦР ве поддржуваше, го советуваше вашето законодавство и овозможуваше поддршка со програми, рече тој.
Оцени дека е потребен и придонес од универзитетите, на граѓанското општество, приватниот сектор, со цел, како што посочи, да имаме еден сеопфатен општествен одговор.
-Би сакал исто така да ви споделам и мое едно лично искуство. Мојот татко кој беше дипломат во Белград во 1963 година беше замолен да учествува во тоа што ја претставуваше првата хуманитарна операција за моето семејство. Тој тогаш дојде во Скопје да им даде поддршка на жртвите од земјотресот таа година и знам за ова прашање и ова е едно од првите искуства кога ОН овозможиле поддршка директно на вашата земја која што во тоа време беше составен дел од поранешната Југословенска Федерација и како и тогаш и денес сум овде во Скопје за да се осигурам дека поддршката на ОН за вашата земја може да продолжи во различни аспекти како што се на пример жртвите од земјотрес, жртвите на прогон и војни, кажа Леклер. нд/аа/
Фото и видео: МИА