• недела, 24 ноември 2024

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година.

Овој датум се одбележува секоја година во целиот свет на 23 април како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

На овој празник на книгата во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе се читаат извадоци од романот „Дон Кихот“, а исто така ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје во одбележувањето на 23 Април доби поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи „Арс ламина“ и „Арс – студио“. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан