Одбележување на Свети Трифун во Младинскиот парк во Велес
- Општина Велес и годинава приредува заедничко одбележување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун на отворено во Младинскиот парк.

Велес,14 февруари 2025 (МИА) - Општина Велес и годинава приредува заедничко одбележување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун на отворено во Младинскиот парк.
Како што информираат од Општина Велес, граѓаните ќе имаат можност да дегустираат добри вина од локалните винарии и да вкусат традиционални велешки специјалитети. За забавата да биде на високо ниво ќе се погрижат учениците од отсекот за традиционални инструменти при Општинското Основно Музичко Училиште „Стефан Гајдов“, а свој настап ќе имаат и Иван Милевски и Fantasy Band, Тринити Бенд и Чалгија Саунд Систем.
Општина Велес ги поканува сите граѓани на заедничко чествување на Свети Трифун попладнево во Младински парк во Велес со почеток во 17:00 часот. ад/дма/
Фото: Плакат