• четврток, 26 декември 2024

Одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Во основното училиште „Димитар Миладинов“  во Скопје денеска преку презентација на совети како да се заштитиме себеси и најблиските од трговијата со луѓе ќе се одржи настан со цел да се подигне јавната свест за оваа појава. За таа цел, како што информираат од МВР, изготвени се информативни материјали со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа, а кампањата ја спроведува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со СВР Скопје, секторите за превенција и Здружението на граѓани Отворена Порта-Ла Страда. По повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, изјава за медиуми ќе даде државната секретарка на МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска. дма/бак/

Остани поврзан