• четврток, 26 декември 2024

Одбележувањето на денот на Натура 2000 и светскиот ден на биодиверзитетот

Одбележувањето на денот на Натура 2000 и светскиот ден на биодиверзитетот

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ денеска ќе одржат настан во рамки на одбележувањето на денот на Натура 2000 и светскиот ден на биодиверзитетот.

Настанот ќе се одржи на плоштадот во населеното место Белчишта, со почеток во 11 часот, а ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Поздравни обраќања ќе имаат и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид  Гир и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачевски. 

Даниел Богнер тим лидер на проектот и Ѓоко Зороски од граѓанската организација Екотуризам во нивните обраќања ќе зборуваат за локалитетот Белчишко Блато како потенцијална Натура 2000 област.

По обраќањата присутните водени од организаторите и експертите ќе пешачат околу Белчишко Блато за да се запознаат со природните вредности.

Настанот е во организација на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. Корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање, а го спроведува НИРАС со партнерите. свс/вг/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан