• петок, 22 ноември 2024

Одбележан 23 декември Денот на општина Гостивар

Одбележан 23 декември Денот на општина Гостивар

Гостивар, 23 декември 2023 (МИА) – Со доделување на благодарници и прогласувањето на Лирие Османи за почесен граѓанин на Гостивар, во центарот за култура „Асном“ вечерва беше заокружено одбележувањето на 23 декември, Денот на општина Гостивар.

Покрај културно-уметничката програма, на вечерашната манифестација говореше и градоначалникот Арбен Таравари, кој во обраќањето наведе дел од успешно реализираните проекти откако раководи со општината.

- Оваа церемонија, која денес се стреми да ги прослави достигнувањата на Општината, од друга страна треба да потсети и на напорите кои не успеаја да се справат со предизвиците. Би можел да наведам долг список на аргументи кои нè ослободуваат од секаква одговорност. Иако беше надвор од нашите можности, денес им се извинувам на сите кои се чувствуваат неподдржани од нивната општина, рече Таравари.

Тој напомена дека се соочил со пречки кои доаѓале од политички кругови и наметнати проблеми кои доаѓаа, од, како што рече, бирократското и нестручно однесување на власта.

Таравари се осврна и на признанието „Почесен граѓанин“ кое годинава ѝ беше доделено на наставничката Лирие Исмаили, чија просветителска кариера започнала 1969 година и како учителка работела во повеќе училишта. Признанието е во знак на почит и благодарност за постигнувањата во работата на хуманитарни здруженија, спортски клубови, Центарот за аутизам и три младински центри. згм/цр

Фото: Општина Гостивар

Остани поврзан