• четврток, 26 декември 2024

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ со бројни спортски активности и изложбени работилници го одбележаа патронатот на училиштето и 120. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев,  информира Општина Илинден.

- Традиционално, одбележувањето на патрониот празник почна со положување цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19. и почетокот на 20. век. Во име на Општина Илинден, цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници од училиштето „Гоце Делчев“, претставници од Здружение на борци на Македонија и граѓани, се наведува во соопштението.

Како дел од одбележувањето на патронатот биле организирани бројни активности во кои учествувале ученици од училиштето.

- Веќе неколку години наназад, во ООУ „Гоце Делчев“ место со класична приредба, учениците патрониот празник го одбележуваат со спортски игри, ликовни работилници и читање на литературни творби, изведба на неколку драми за великанот Гоце Делчев, истакнуваат од општината. бд/лв/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан