• недела, 24 ноември 2024

Одбележан Денот на излегувањето на партизаните во Гевгелиско

Одбележан Денот на излегувањето на партизаните во Гевгелиско
Гевгелија, 26 април 2022(МИА) - Во Гевгелија денеска пригодно беше одбележан денот на кој пред 79 години излегле првите партизани од градот и околината со цел да се борат за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор. Делегации на боречката организација, локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Андон Сарамандов, политички партии, претставници на јавните институции и здруженија на граѓани, со положување свежо цвеќе пред спомен обележјата им оддадоа должна почит на народните херои и паднатите борци од овој крај. Ристо Марковски, претседател на гевгелиската боречка организација посочи дека излегувањето на првите партизани од овој крај се совпаднало со Велигденските празници пред 79 години, кога било договорено тие да излегуваат во помали групи поради безбедносни причини. Нагласи дека првата група на партизани излегла токму на денешен ден. Во своето обраќање Марковски ги повика присутните да продолжи традицијата за чествување на овој ден затоа што има големо значење за историјата на Гевгелија. им/цр

Остани поврзан