• петок, 27 декември 2024

Одбележани 79 години од смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

Одбележани 79 години од смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

Тетово, 17 мај 2022 (МИА)  Во Тетово денеска се честуваат 79 години од загинувањето на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржа пред неговиот споменик во населбата Два Бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за неговото дело и лик. 

- Иљо Антески-Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско, бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, истакна Јоцко Димитриевски.

Во Тирана, покрај Иљо Антески-Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски.

Почит беше оддадена од Здружението за култура и уметност како што го носи името на Иљо Антески-Смок, кое во текот на овој месец со разни активности одбележуваа 100 години од формирањето и постоењето на ова културно-уметничко друштво. По повод годишнината од смртта, пред споменикот положија цвеќе претставници на повеќе делегации. ас/сст/

Остани поврзан