• четврток, 26 декември 2024

Одбележана 78 годишнината од првото ослободување на првоослободениот град во земјава Кичево

Одбележана 78 годишнината од првото ослободување на првоослободениот град во земјава Кичево
Кичево, 11 септември 2021 (МИА) - Со мала свеченост и со посета на спомен костурницата на Китиното Кале, денеска беше одбележана 78 годишнината од првото ослободување на првоослободениот град во земјава во времето на НОВ, Кичево. На одбележувањето беа присутни претставници на Здружението на сојузот на борците од градот, поголем број извидници од извидничкиот одред „Мирко Милески“, претставници на политичкиот партии од македонскиот блок и почитувачи на периодот на НОВ. Изостана традиционалното подигање на знамето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред пред музејот„ Западна Македонија во НОВ“, поради тридневната жалост во земјава. Присутните откако се искачија на платото пред спомен костурницата, најпрво ја ислушаа македонската химна изведена од страна на кичевските извидници, потоа претседателот на Здружението на сојузот на борците од Кичево, Владо Дејаноски се обрати на присутните. -Денес го одбележуваме првото ослободување на нашето Кичево, кога пред 78 години тука во овој град се роди првата слободна територија на Македонија. Покрај првото ослободување, Кичево е еден од ретките градови кој дури во пет наврати е ослободуван од непријателот, за да биде конечно ослободен на 15 ноември 1944 година. Сите ние, а најмногу помладите генерации, треба да се присетуваат и секогаш во нивната меморија да бидат жртвите кои се положени за денешната слобода, а нив во нашиот град ги има 555, чии коски се наоѓаат во криптата во спомен костурницата на Китино Кале, истакна претседателот Дејаноски. По обраќањето на претседателот делегациите присутни на ова одбележување положија букети со цвеќе. за/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан