• недела, 17 ноември 2024

Одбележана годишнината од убиството на шведските фудбалски навивачи во Брисел 

Одбележана годишнината од убиството на шведските фудбалски навивачи во Брисел 

Брисел, 16 октомври 2024 (МИА) – Во Брисел денеска беше одбележана годишнината од ланскиот терористички напад, при кој беа убиени двајца шведски навивачи, кои беа дојдени во белгискиот главен град за следење на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одбележувањето на годишнината започна со полагање венци на местото на нападот, плоштадот „Сенктелет“, од страна на премиерите на Белгија и Шведска, Александар Де Кро и Улф Кристершон. 

Покрај двајцата премиер, на церемонијата присуствуваа и белгиските министри за правда и внатрешни работи, Пол Ван Тигхелт и Анелис Верлинден, бриселскиот градоначалник Филип Клоз, членови на семејствата на жртвите, како и возачот на таксито во кои се наоѓаа нападнатите Швеѓани. 

Нападот го изврши Тунижанецот Абдесалем Ласуед на 16 октомври 2023 година, нешто по 19 часот, отворајќи оган врз такси возило, при што уби двајца Швеѓани и рани трет на возраст од околу 70 години. 

Набрзо по инцидентот, Ласуед, кој беше во бегство, презеде одговорност за нападот во видео објавено на социјалните мрежи. Тој беше убиен од страна на полицијата следниот утро во кафуле во белгиската населба Скарбек, при обидот за негово апсење.  

Инаку, одговорност за нападот презеде терористичката група Исламска држава. сп/ 

Фото: ЕНР/Белга 

Остани поврзан