• сабота, 28 декември 2024

ОДАС во октомври ќе организира Национален средношколски самит

ОДАС во октомври ќе организира Национален средношколски самит
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците – ОДАС најави одржување голем настан во октомври - Национален средношколски самит, на кој сите македонски средношколци заедно ќе донесат декларација за решавање на средношколските прашања.
Настанот беше најавен од претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, на завршната конференција на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
- Вие живеете во времето на нашата генерација, а нашата генерација живее во времето на вашите одлуки, па затоа бидете во чекор со генерацијата, порача Угриновска.
ОДАС соопшти дека приоритет им е бранењето на интересите на средношколците во земјава и нивно застапување пред надлежните органи и дека посветената работа во последните три години се должи на зголемената потреба средношколците да бидат вклучени во процесите кои нив ги тангираат и нивниот труд да биде прифатен и признат. -Со таа цел, Националниот средношколски самит, предвиден да се одржи во октомври 2022 година, како најголем досега средношколски настан, ќе ги идентификува потребите на средношколците и ќе се стреми кон нивно решавање, информира ОДАС. хс/цр

Остани поврзан