• четврток, 26 декември 2024

Ограда за поголема безбедност кон кавадаречко Бегниште близу Тиквешко Езеро 

Ограда за поголема безбедност кон кавадаречко Бегниште близу Тиквешко Езеро 

Кавадарци, 14 септември 2023 (МИА) - Се поставува ограда за поголема безбедност кон кавадаречкото село Бегниште близу Тиквешко Езеро, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

- Денес во атарот на село Бегниште продолжува монтирањето на еластична ограда, од страна на ЈП Комуналец и ТППЕ Кавадарци. Овој проект е во соработка со ЈПДП, со цел зголемена безбедност во сообраќајот, соопштија од кабинетот на градоначалникот. 

Изведувач на работите е фирмата ,,Кединг" од Скопје и ЈП ,,Комуналец" Кавадарци, во делот на кастрење и косење. свд/


Фото : фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан