• сабота, 23 ноември 2024

Ограбен бутикот „Гуп“ на Гвинет Палтроу во Њујорк

Ограбен бутикот „Гуп“ на Гвинет Палтроу во Њујорк
Њујорк, 7 февруари 2020 (МИА) - Од бутикот „Гуп“ во Њујорк, сопственост на американската глумица Гвинет Палтроу, засега непознат сторител украл женска чанта со вредност од 23.000 долари. Вработените не забележале веднаш оти скапата чанта недостасува. Таа е украдена на 30 јануари, кога штетата била пријавена во њујоршката полиција. Камерите во објектот снимиле маж во своите 20-ти, кој скоро незабележително отвора една од стаклените витрини, ја зема чантата и излегува без да ја плати. си/сд/

Остани поврзан