• понеделник, 23 декември 2024

Ограбена филијала на банка во Скопје

Ограбена филијала на банка во Скопје

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Филијала на банка на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје денеска претпладне е ограбена од едно лице кое со закана со пиштол одзело пари.

Како што информира Министерството за внатрешни работи грабежот е пријавен во СВР Скопје во 11:25 часот. 

- Денеска (04.06.2024) во 11:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан