• четврток, 19 декември 2024

Овозможена јулска испитна сесија за полагање правосуден испит

Овозможена јулска испитна сесија за полагање правосуден испит
Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) - Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит за време на вонредна состојба со цел предвидување на дополнителна јулска испитна сесија за полагање на правосудниот испит чие спроведување е во надлежност на Министерството за правда . На владината седница што се одржа вечерва преку видеоконфернциска врска е донесена и Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година, со која се пропишува методологијата за распределба на приходите по овој основ. Уредбата предвидува дека вкупните средства на приходите од данокот на додадена вредност наплатени во претходната фискална година за општините во Република Северна Македонија, општините во градот Скопје и Градот Скопје се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во држвата, на општините во градот Скопје и Град Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во држвата во износ од 88 проценти, а за општините во градот Скопје и Градот Скопје во износ од 12 проценти.лв/см/

Остани поврзан