• среда, 25 декември 2024

Оваа 2020. една од трите најтопли години

Оваа 2020. една од трите најтопли години
Лондон, 2 декември 2020 (МИА) - Глобалното затоплување продолжи и во 2020 година, а според Светската метеоролошка организација, оваа година е една од трите најтопли, по 2016. и 2019 година. Во исто време, од 1850 година, кога започна регистрирањето на температурите, најтоплите шест години се од 2015 година. И декадата од 2011 до 2020 година е најтопла во историјата. Затоплувањето беше највидливо на Арктикот, каде температурите во Сибир беа во просек пет степени повисоки од вообичаеното, а највисоките од 38 степени беа забележани на 20 јуни. Тоа е исто така највисока температура измерена насекаде северно од Арктичкиот круг. Периодот од јануари до октомври беше исклучително топол и во Европа, пренесува Би-Би-Си. Глобалното затоплување продолжува да предизвикува затоплување во многу делови на светот, вклучувајќи го и Гренланд, каде оваа година исчезнаа 152 милијарди тони мраз. Исто така, во 2020 година беа забележани рекордни 30 бури за време на сезоната на урагани во Северен Атлантик. паг/

Остани поврзан