• сабота, 23 ноември 2024

Објавен романот „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски

Објавен романот „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Бегемот“, излезе од печат романот „Плачеш како кит“ од новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски. 

„Плачеш како кит“ е негов втор роман и следува по романот „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, како и по збирката раскази „Да не бидам покусо“ и збирката есеи „Урбани топоними“. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура на РСМ. 

-„Плачеш како кит“ е слоевито, хибридно дело, чиј хронотоп се движи од една фиктивна лична приказна во македонската сегашност, преку навраќање во минатото низ пределите на Чиле и на Тихиот Океан со упатување на историски факти, низ бајковити предели на неодредени локации некаде во Европа, преку митолошко создавање на живиот свет, сè до една потенцијална иднина во државава во која превладува метафората на потонувањето, смета Калина Малеска. свс/мд/

Фото: „Бегемот“

Остани поврзан