• четврток, 05 март 2026

Објавен оглас за ангажирање лица за вршење јавни работи во општина Аеродром

Објавен оглас за ангажирање лица за вршење јавни работи во општина Аеродром

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Општина Аеродром објави јавен оглас за изразување интерес за ангажирање лица за вршење јавни работи во текот на 2026 година. Можат да се пријават сите евидентирани невработени лица, социјално загрозени лица и пензионери што сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на територијата на општината, информира денеска Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром.

Ангажираните лица ќе бидат вклучени во активности за одржување на јавната чистота (чистење јавни површини, празнење на канти за отпад, собирање лисја и гранки и сл.),  на зелените површини и на парковите (косење трева и хортикултурни активности), како и за одржување на улици, пешачки патеки и тротоари.

Заинтересираните кандидати треба да пополнат и поднесат пријава во aрхивата на Јавното претпријатие во просториите на Општина Аеродром. Образецот може да се подигне во просториите на Општина или да се преземе електронски од официјалната веб-страница на линкот:
http://aerodrom.gov.mk/vest/9540 . Повеќе информации можат да се добијат и на телефонскиот број: 072 270 886. лв/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан