• четврток, 19 декември 2024

Објавен огласот за распределба на становите во социјалната зграда во Виница

Објавен огласот за распределба на становите во социјалната зграда во Виница
Кочани, 14 октомври 2022 (МИА) – Објавен е јавниот повик за распределба на становите во новата социјална зграда во Виница, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој  направи увид во завршените градежни активности на овој објект. Објектот располага со 36 станови и согласно Одлуката за распределба на социјални станови, на повикот можат да се пријават деца без родители кои до својата 18-годишна возраст биле згрижени во институции за деца без родители, потоа корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од природни елементарни, како и лица со попреченост и семејства со лица со попреченост. Исто така, за добивање стан можат да аплицираат самохрани родители со малолетни деца и припадници на ромската етничка заедница, кои се социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите. - Комисијата во соработка со Центарот за социјални работи ќе се координира за постапките за поефикасно да го завршиме процесот на распределба. За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош. Лицата кои ќе се пријават треба да се македонски државјани, да имаат постојано место на живеење во општина Виница и лицето да не поседува стан во лична сопственост, на име на на брачниот другар или на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државата, изјави Бочварски. За изградбата и опремувањето на социјалната зграда во Виница од буџетот на Министерството за транспорт и врски се инвестирани 75 милиони денари. -Објектот има три ламели со станови со површина од 36 до 45 квадратни метри, како и две деловни простории со површина од по 60 квадратни метри. Со оглед на успешноста на проектот, нашето акционерско друштво е во интезниви преговори со Банката за развој при Советот на Европа за продолжување на проектот за изградба на станбени социјални објекти и во други општини, истакна Билјана Главинчевска Вранишковска од АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Во моментот во завршна фаза се уште 130 социјални станови во Демир Капија, Неготино и Гевгелија. Покрај нив, во изградба се и нови социјални згради во скопски Бутел, Велес, Кочани, Пехчево и Сарај, каде ќе бидат понудени 470 станови. та/бак/

Остани поврзан