• среда, 25 декември 2024

Објавен нов стрип „Астерикс и грифонот“

Објавен нов стрип „Астерикс и грифонот“
Париз, 22 октомври 2021 (МИА) - Астерикс и Обеликс се упатуваат кон исток, во својата прва авантура објавена по смртта на креаторот на серијата Алберт Удерзо. Тој почина во март минатата 2020 година, на 92-годишна возраст. Во стрипот „Астерикс и грифонот“, објавен вчера, тандемот патува за Русија, првпат откако стариот Гетафикс има сон за посета од шаман кој го замолува да се упати кон исток според едно древно пророштво дека „помошта ќе дојде од Галите, особено од најмалите“. Тројцата потоа се впуштаат во пространството на снежната степа, но првата пречка е судир со легијата на Цезар што, секако, е неизбежна. „Астерикс и грифонот“ е 39-от стрип и петто заедничко дело на авторот Жан-Ив Фери и илустраторот Дидие Конрад. Иако ова е првата авантура на Астерикс објавена по смртта на оригиналниот илустратор на серијата, Удерзо ги видел првите скици и нацрти на приказната. - Со новото издание, мислев дека сме најдалеку од стилот на Госини и Удерзо! ...Но, сега пристигнуваат првичните реакции на луѓето кои го читаат стрипот. И тие ми велат: „Ова е издание во коешто досега најмногу се доближивте до стариот стил“. Значи, тоа е многу субјективна работа, изјави Фери за ДПА. Удерзо во 1959 година ги создаде ликовите Астерикс и Обеликс, со авторот Рене Госини. По ненадејната смрт на Госини во 1977 година, Удерзо работеше сам со десетлетија.  си/

Остани поврзан