• вторник, 12 ноември 2024

Објавен научен труд за образованието на турски наставен јазик од Елвин Хасан

Објавен научен труд за образованието на турски наставен јазик од Елвин Хасан
Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, доктор по педагогија Елвин Хасан издаде научен труд „Организација, управување и раководење со образованието на турски наставен јазик во Северна Македонија“. Хасан е инспириран од долгогодишните заложби на неговиот татко, Хамди Хасан, кој 42 години работел како наставник и бил голем активист и иницијатор за образование на турски наставен јазик во својот град Радовиш. како што соопшти авторот, научниот труд „Организација, управување и раководење со образованието на турски наставен јазик во Северна Македонија“ е добра основа за понатамошни истражувања и ќе остане извор кој ќе биде од корист за сите кои би сакале да добијат повеќе информации за оваа проблематика. Станува збор за труд кој е напишан на турски јазик, во кој опширно се образложени состојбите, проблемите со кои се соочува образованието на турски наставен јазик и начините како тие да бидат надминати. мд/са/

Остани поврзан