• недела, 24 ноември 2024

Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година

Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година
Охрид, 14 октомври 2018 (МИА) – Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша годинашниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник. Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 14 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема. -Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, се наведува во објавениот конкурс. За изборот, односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од земјава. Сите заинтересирани автори кои сакаат да учествуваат на конкурсот треба да испратат необјавена поема на адреса НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ул. „Македонски просветители“ бр. 4, 6000 Охрид, со назнака Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев за 2021 година“. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот. Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев. аб/мд/

Остани поврзан