• среда, 27 ноември 2024

Објавен Зборник на трудови „Антево дело“

Објавен Зборник на трудови „Антево дело“
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Деновиве од печат излезе Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“,одржан во септември минатата година во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“. Организацискиот одбор соопшти дека на Вториот симпозиум за Антевото творештво, беа презентирани реферати во живо и снимени реферати на еминентни научни работници, лингвисти и писатели преку видео обраќања (поради ковид мерките), во кои се третирани литературни, литературно-теориски, јазични и теми од историја на уметност и естетика. Во Зборникот се поместени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва и член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, м-р Филип Фиданоски од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј, м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска, м-р Александра Јуруковска, и асс. м-р Иван Антоновски. Зборникот на трудови од симпозиумот „Антево дело“ до крајот на годинава ќе биде промовиран и претставен во Скопје, како и во неколку други градови во земјата.са/

Остани поврзан