• среда, 18 декември 2024

Објавен е нацрт Извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“

Објавен е нацрт Извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - За Северна Македонија од страна на Европската комисија веќе е објавен и доставен нацрт скрининг Извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“.

Како што соопшти СЕП, оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните Извештаи на Европската комисија кои се дел од пакетот за проширување.

-Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира од страна на земјите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на Патоказите, вели вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

-Извештајот за нас е водич и основа за подготовка на клучните документи-Патоказите за владеење на правото, функционирање на демократските институции и реформа на јавната администрација, а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година. Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе бидат консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес, појаснува вицепремиерот Маричиќ.

Во Секретаријатот за европски прашања во моментот се работи на македонски превод на документот, на скрининг Извештајот, кој ќе биде дополнително објавен на нивната официјална веб страна, информираат од СЕП.

Линк од драфт верзијата на Извештајот: Screening report - North Macedonia (europa.eu)нд/ац/

Фото: СЕП

Остани поврзан