• среда, 25 декември 2024

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи

Газа, 28 април 2024 (МИА) - Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници.

Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски.

Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД. ссм/

фото: принтскрин.

Остани поврзан