• недела, 28 јули 2024

Објавени презентациите на К1 и К2 на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Објавени презентациите на К1 и К2 на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Скопје, 4 мај 2021 (МИА) - Презентациите на Клучна акција 1 и Клучна акција 2, кои се одржаа минатите 2 недели, се веќе достапни на официјалната веб страница на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информираат од агенцијата. За следење на презентациите биле пријавени голем број на учесници кои имале можност да се информираат за овие Клучни акции и да поставуваат прашања. - Директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски заедно со вработените од агенцијата, преку онлајн платформа детално ги одговорија и ги разјаснија сите прашања кои беа поставени за време на презентациите, а одговорите се исто така достапни на веб страницата на НАЕОПМ, стои во соопштението. Програмата Еразмус+, годинава е со историски највисок буџет од 28,4 милијарди евра на европско ниво, предвидува повеќе од 10 милиони учесници и нуди можности за сите.ар/са/

Остани поврзан