• вторник, 24 декември 2024

Објавени номинациите за африкански фудбалер на годината

Објавени номинациите за африкански фудбалер на годината

 

Каиро, 25 октомври 2024 (МИА) – Нигериецот Адемола Лукман и Мароканецот Ашраф Хакими се меѓу 10-те номинирани кандидати за наградата за најдобар африкански фудбалер за 2024 година, објави синоќа африканската фудбалска Конфедерација.

Покрај Лукман и Хакими, кандидати за наградата се Ронвен Вилијамс (Јужноафриканска Република), Амин Гуири (Алжир), Едмонд Тапсоба (Буркина Фасо), Симон Адингра (Брегот на Слоновата Коска), Шансел Мбемба (ДР Конго), Серу Гираси (Гвинеја), Суфијан Рахими (Мароко) и Вилијам Трост Еконг (Нигерија).

Лукман годинава со репрезентацијата на Нигерија го освои сребрениот медал на Африканскиот куп на нации, додека со Аталанта триумфираше во Лигата на Европа и беше избран во идеалниот тим на натпреварувањето.

Хакими, кој лани заврши на второто место во изборот за африкански фудбалер, годинава со Мароко освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз, додека со ПСЖ го освои Купот на Франција и француската лига.

Меѓу кандидатите ги нема ланскиот добитник на наградата Нигериецот Виктор Осимен и Египјанецот Мохамед Салах, како и Сенегалецот Садио Мане, кој беше избран за африкански фудбалер на годината во 2019 и 2022. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан