• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Објавени добитниците на стипендија за средношколци од Математичко-информатичката гимназија

Објавени добитниците на стипендија за средношколци од Математичко-информатичката гимназија
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) – Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во Државното средно училиште Математичко-информатичка гимназија за учебната 2022/2023 година. Објавен е списокот со 30 ученици кои ги исполнуваат условите од Конкурсот. Добитниците на стипендии треба до 21 ноември 2022  да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука, кој е достапен на веб-страницата на МОН. -Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, наведува МОН во објавата на резултатите. Стипендијата за ученици во Математичко-информатичката гимназија е во месечен износ од 3.500 денари и се добива во текот на учебната година сè додека корисникот ги исполнува условите. хс/aa/        

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан