• сабота, 23 ноември 2024

Објавени добитниците на наградите за фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

Објавени добитниците на наградите за фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“
Куманово, 3 мај 2022 (МИА) - Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово ги објави добитниците на награди од конкурсот за фестивалот на краток филм 2022 Куманово „ФИЛМАЈ“, информираа денеска од клубот. Тричленото жири во состав Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер), и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“) одлучи да додели награди во повеќе категории. Награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија оди кај Самир Карахода за режирање на филмот „Изместено“ (Косово), наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија ја доби Владимир Самоиловски за неговата работа во филмот „Северен Пол“ (РС Македонија). Наградата „Козјак“ за најдобро сценарио се доделува на Фотис Зампетакис за филмот „Ангелос на Божиќ“ (Грција) и наградата за најдобар домашен (македонски) филм се доделува на „Обичната Ели“ (режија: Лавинија Софрониевска). Новосоздадена „ФИЛМАЈ“ награда за најдобар краток филм се доделува na „Сама“ (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово. Дополнително ќе биде објавена цела листа со официјално селектирани филмови кои ќе се прикажат на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022.ам/свс/  

Остани поврзан