• понеделник, 23 декември 2024

Објавени видеоснимки од Алек Болдвин и мигот пред ненамерното убиство

Објавени видеоснимки од Алек Болдвин и мигот пред ненамерното убиство
Лос Анџелес, 26 април 2022 (МИА) - Полицијата на сојузната американска држава Ново Мексико објави нови снимки направени на денот кога глумецот Алек Болдвин ненамерно пукаше и ја уби снимателката Халина Хачинс - член на филмската екипа на „'Рѓа“ (Rust). На видеата се гледаат миговите пред и по нејзината смрт. Притоа, Болдвин вежба влечење на чкрапалото на пиштолот. Може да се види и како полицијата и лекарите пристигнуваат на местото на трагедијата. Болдвин е прикажан и како седи во импровизирана црква по пукањето. Прашан од полицијата, тој негираше дека го повлекол чкрапалото и додаде дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум. https://twitter.com/JackPosobiec/status/1518824085714780162?fbclid=IwAR1fMSRwPhmsWFT0Xg3lC_jS1J2kf5Zwgb8qnqSQz4wPqduXfhBKS2MfsO4 - Слушнав силен тресок. Се чувствував како некој да ме удри во рамото, а потоа паднав. Ја видов Халина како ѝ тече крв по грбот, изјавил режисерот Џоел Соуза во болницата. Режисерот исто така бил погоден, но само ранет од куршум. Утврдено е дека Хана Гутјерез Рид била задолжена за безбедност на оружјето што се користело на снимањето. Таа го тужи доставувачот затоа што смета дека е доставена неправилно означена кутија со муниција. Минатата недела продуцентската куќа која работеше на филмот „Р'ѓа“ беше казнета со 136.793 долари поради безбедносни пропусти на снимањето.  си/

Остани поврзан