• сабота, 23 ноември 2024

Објавена книгата „Последните православни семејства во подрачјето на Дебарско Поле во Р.Албанија“ од Спиро Дуковски

Објавена книгата „Последните православни семејства во подрачјето на Дебарско Поле во Р.Албанија“ од Спиро Дуковски

Дебар, 10 април 2024 (МИА) – Деновиве од печат излезе книгата „Последните православни семејства во подрачјето на Дебарско Поле во Р.Албанија“ чиј автор е Спиро Дуковски, Македонец од Албанија, родум од селото Ербеле.

Во книгата се пренесува историјат за областа Дебарско Поле во Албанија, долж албанско-македонската граница, поконкретно за селата: Ербеле, Горно Крчишта, Маќелари, Обоки и Добољани, кои некогаш биле населени исклучиво со Македонци или нивниот процент бил позначителен.

-Во поголемиот дел од книгата се пренесуваат податоци за фамилијарните стебла и потеклото на фамилиите кои порано живееле во овој крај. Се збoрува за период над 150 години наназад и се прикажани според фамилиите од 5-то до 8-мо поколение со кратки податоци за секој член од фамилијата. Во книгата се споменати над 6500 личности, пренесуваат гласилата на Македонците во Албанија.

Истo така, е покажана и поврзаноста со другите фамилии, а за некои е прикажано потеклото по женска линија.

-Кој потекнува од овој крај и сака да ја има ова книга, да дознае за неговото потекло, за неговите корени, за поврзаноста со неговите роднини, за историјата на крајот на неговите предци и сака да има нешто напишано, за себе, за неговите деца, внуци и поколенија, да не се забораваат корените, нека се јави кај авторот Спиро Дуковски, посочуваат медумите.

Оценуваат дека авторот за да го создаде ова дело се зафатил со „огромна љубов кон македонските корења, македонското постоење - што се нарекува незаборав.

Поголемиот дел од споменатите, но и фамилии од други села од округот Пешкопеја, тука и областа Голо Брдо, каде сè уште има неколку македонски православни семејства, се иселиле најпрво во Дебар, а потоа, повеќето во Скопје. Македонците по потекло од овие села редовно на патроните на селските цркви се собираат независно каде живеат. вт/дма/

Остани поврзан