• сабота, 23 ноември 2024

Објавена детската книга „Три случаи за детективот Виксон Чудински“

Објавена детската книга „Три случаи за детективот Виксон Чудински“
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели. Илустрациите се на Никол Доналдсон, а делото од италијански на македонски го преведе Живко Гроздановски. Делото е објавено со поддршка на Секторот за евриоинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Станува збор за уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објави во минатата и оваа година во рамки на проектот „Отворени книги – отворени граници“. -Со извесна доза на хумор, што наликува на британскиот, авторот случувањата ги сместува во Лондон, кој во книжевноста и во филмовите е познат по акциите на детективите. „Истрагите на детективите се толку банални, како да се невидливи. Но... Виксон Чудински е секојдневен детектив, толку секојдневен што никој не го гледа. Ова можеби изгледа како мана, но тоа е неговата најсилна страна: без да го видат, тој може да реши многу случаи, особено оние каде што е инволвиран злобниот Милтон Бобит, човекот со глава во форма на круша, се вели меѓудругото во најавата за содржината на книгата. Инаку, писателот Лука Дониели е роден во 1956 година. Сега живее и работи во Милано. Добитник е на повеќе врвни книжевни награди во Италија, а за „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ ја добил наградата „Стрега“ во 2019 година.бт/са/

Остани поврзан