• среда, 25 декември 2024

Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина

Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина

Приштина, 17 ноември 2024 (МИА) – Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Северна Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите, а потоа и на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски.

По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот.

По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори.

Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек. иа/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан