• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Обуки за нови техники и алатки за дизајнирање и изработка на занаетчиски производи за занаетчиите од Куманово

Обуки за нови техники и алатки за дизајнирање и изработка на занаетчиски производи за занаетчиите од Куманово

Куманово, 24 февруари 2025 (МИА) - Регионалната занаетчиска комора – Куманово денеска организираше обука за занаетчиите  во рамки на проектот: „Обуки за нови техники и алатки за дизајнирање и изработка на занаетчиски производи“. Во рамки на овие обуки, професори од Машинскиот факултет со меѓународно искуство ги споделија своите знаења и вештини за модерни техники и алатки кои можат да го подобрат производствениот капацитет на занаетчиите.

- Ова е одлична можност за сите вршители на занаетчиска дејност да ги унапредат своите процеси и да се запознаат со најновите трендови во дизајнирањето и изработката на занаетчиски производи. Настанот е наменет за микро и мали претпријатија, самостојни занаетчии и сите заинтересирани за усовршување  во оваа област, изјави претседателот на Регионалната Занаетчиска Комора, Агрон Фазлији.

Проектот е поддржан од Министерството за економија и од комората. Целта е да се унапреди занаетчиството, да станат поиновативни продуктите кои се нудат на локалниот и странскиот пазар. Ваквите обуки се неопходни за унапредување на конкурентноста на малите занаетчии.

Адријан Зеќири од Куманово се занимава со изработка на златен и сребрен накит.

- Првпат учествувам на ваква обука, сметам дека е одлична можност да се усовршиме и да стекнеме знаење како да станеме поуспешни на пазарот, вели Зеќири.

Целта на организаторите е македонското занаетчисто да стане признато, почитувано и успешно. Проектот ќе трае до април, годинава дотогаш ќе се организираат повеќе обуки за кумановските занаетчии. Од комората ги повикаа занаетчиите да се пријават и да проследат дел од обуките. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан