• сабота, 09 ноември 2024

Обука за негуватели на стари лица во Дебар

Обука за негуватели на стари лица во Дебар

Дебар, 7 септември 2023 (МИА) – Во Дебар почна обука за негуватели на стари лица што ја организира Општинската организација на Црвен крст.

Обуката ја посетуваат 15 лица и се одржува во просториите на Организацијата. Таа е дел од процесот за образование на возрасни и за реализација на социјални услуги во локалните заедници.

-Оваа обука ќе се одвива во рамките на ублажувањето на ефектите и последиците од Ковид-19 врз најранливите во општеството, со посебен фокус на постарите лица (АCCOP), поддржана од страна на австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите со поддршка на австрискиот Црвен крст, рече за МИА Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Додаде дека согласно програмата, ќе бидат реализирани 250 наставни часа (теоретски и практичен дел). Обуката ќе се изведува од стручни лица со големо искуство во медицината и социјалните работи.

-Главна цел на оваа обука е идните негуватели да стекнат знаења, вештини и компетенции за давање  помош и нега на стари лица во домашни услови на кои таа им е неопходна. По завршувањето на обуката, сите негуватели кои успешно ќе го положат тестот ќе се стекнат со сертификат, посочи Телќиу.

На првиот ден од обуката посетителите слушаа предавање на тема „Концепт и значење на помош и нега на стари лица“ од Исмаил Мерсимоски, дипломиран социјален работник. вт/хс

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан