Обраќање на министерот Тошковски на јавна дебата по повод Неделата на пешаците (во живо)
- На Факултетот за безбедност во Скопје се одржува јавна дебата „Безбедноста на пешаците - одговорност на сите нас“, по повод Неделата на пешаците.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - На Факултетот за безбедност во Скопје се одржува јавна дебата „Безбедноста на пешаците - одговорност на сите нас“, по повод Неделата на пешаците.
Дебатата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.
Најавено е учество на експерти од областа на сообраќајот и претставници на надлежни институции, а ќе се обрати и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
РСБСП соопшти дека целта на дебатата е „да ја потенцира важноста на безбедноста на пешаците во сообраќајот, да ги истакне предизвиците со кои тие се соочуваат и да промовира одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот“.