• петок, 27 декември 2024

Обраќање на Александар Николоски на летниот камп „Балвањос“ во Трансилванија, Романија

Обраќање на  Александар Николоски на летниот камп „Балвањос“ во Трансилванија, Романија
Скопје, 22 јули 2022 Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава. Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик. Што би направила нормална личност на ова? Би кажала НЕ благодарам. Што се случуваше? Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите се што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори. За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во овој моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=QKTz0w10INI

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан