• четврток, 26 декември 2024

О'Брајан за РТС: САД сакаат и Србија и Косово да одат во правец на Европа

О'Брајан за РТС: САД сакаат и Србија и Косово да одат во правец на Европа

Белград, 21 октомври 2024 (МИА) - Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан денеска во Белград изјави дека САД сакаат Србија и Косово да одат во правец на Европа и дека сметаат дека отворањето на дел од косовската граница за српските стоки е успех, но не можеше да одговори кога ќе се формира Сојузот на српските општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белрад.

-Сакаме да ги видиме Србија и Косово во европските институции, рече О'Брајан за РТС.

О'Брајан изјави дека денеска оди во Приштина да разговара за практични работи и дека не се работи само за српска, туку и за германски стоки како и за стоки од други земји кои сите севкупно се соочуваат со пречки на границата.

-Исто така, важно е и суровините да може да се транспортираат за да продолжи бизнисот во Косово, што е корисно и за Србите, рече О'Брајан, со кого во неделата разговараше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Зборувајќи за постапките на косовските властите, О'Брајан изјави дека тие не се координираат со САД и партнерите, туку повеќе сакаат да ја покажат својата моќ.

Според него, една од последиците што ги трпи Косово е што минатата година големите европски земји не гласаа за вклучување на Косово во нивните институции.

-Косово заостанува, сето ова се случува затоа што нема координација, тие не преземаат координирани акции, рече О'Брајан.

На прашањето кога ќе се формира ЗСО, О'Брајан рече дека сака да се почитуваат сите договори меѓу Белград и Приштина и дека формирањето на ЗСО е нормален и важен чекор за да Србите живеат нормално на Косово.

-Сакам напредок во тоа дури и пред да се формира ЗСО...Овие обврски се на сила од 2015 година. Продолжуваме да работиме на тоа, не можам да ветам никаков рок, рече О'Брајан.

Американскиот функционер изјави дека политиката на САД кон овој регион е таква да сите шест земји многу брзо се движат кон ЕУ.

-Србија е најголемата и најсилната економија и овој регион нема да може да напредува без неа, а некои стари конфликти од деведесеттите можат само да ја задржат на тој пат, рече О'Брајан. об/сд/

Остани поврзан