• среда, 25 декември 2024

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години

Стокхолм, 19 септември 2024 (МИА) - Од 2028 година, шведските деца ќе започнуваат училиште на шестгодишна возраст, една година порано од сегашниот модел, во рамките на реформите на образовниот систем што означува транзиција од учењето базирано на игра.

Владата ги објави плановите да ја замени задолжителната предучилишна година за шестгодишните деца позната како förskoleklass со дополнителна година во grundskola (основно училиште).

Коалициската влада на десниот центар, предводена од умерените и поддржана од екстремно десничарските Шведски демократи, го објави планот пред презентацијата на буџетот за 2025 година, што треба да се случи денеска. Планот датира од претходната влада и е поддржан и од левичарските социјалдемократи, јавува Гардијан.

Министерот за образование, Јохан Першон, изјави дека училиштето мора да се врати на основите со фокус на рано учење на читање, пишување и математика.

Критичарите велат дека планот е спротивен на истражувањата што покажуваат дека играта е клучна за развојот на децата, охрабрувајќи ги да истражуваат, создаваат и развиваат преку игра, љубопитност и насочувани откритија. Водачите на синдикатот стравуваат дека овој потег може да остави без работа многу специјализирани наставници од предучилишна возраст. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан