• четврток, 26 декември 2024

Образовни асистенти ќе посетуваат ученици со посебни потреби во Центар и за време на летниот распуст

Образовни асистенти ќе посетуваат ученици со посебни потреби во Центар и за време на летниот распуст
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) -  Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, најави дека десет образовни асистенти ќе посетуваат ученици со посебни образовни потреби и за време на летниот распуст. Тие досега  со децата работеа само во текот на учебната година и им помагаа во извршување на училишните обврски и за одењето и враќањето од училиште. - Во летниот период планираме десет  наши асистенти да посетуваат дваесетина дечиња преку еден ден односно три пати во неделата околу четири часа, за да ги олесниме и подобриме условите за живот на оние родители коишто имаат дечиња со посебни потреби да можат да си ги завршат и своите обврски. Тоа е новитет којшто сега ќе го почнеме и во континуитет ќе го спроведуваме“, изјави Герасимовски.во емисијата „Утрински брифинг“ Градоначалникот  зборуваше и за тековните проекти - како повикот за „Центар се грижи за возрасните“ во кој Општината обезбедува физиотерапевти, негуватели, психолози и социјални работиници за 90 семејства со возрасни лица над 60 години кои се  жители на Центар. - Герасимовски ги повика сите лица кои имаат потреба од ваква нега да аплицираат на повикот за општината да им помогне во тој дел. Покрај проектот за највозрасните Општина Центар го спроведува и проектот „Центар се грижи за најмладите“ каде општината за неколку месеци додели по 7.000 денари на 170 новороденчиња. Герасимовски, исто така, го најави и проектот кој ќе се спроведува во соработка со МВР и се однесува на маалските полицајци-позорникари... Центар е една од најфреквентните општини и тука бројот и на кражби и на сите останати работи е многу повисок за разлика од другите општини. Процентуално, ако имаме 80 кражби, околу 60, за жал, се во Центар, соопшти Општината. хс/са/

Остани поврзан