• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Образовен форум за напредните технологии како алатки за учење

Образовен форум за напредните технологии како алатки за учење

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Ротари клуб Скопје Академија денеска ќе организира образовен форум на тема „Напредни технологии: алатки за подобро учење или предизвик за традиционалниот образовен модел?“

На форумот ќе учествуваат професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои ќе дискутираат за влијанието на напредните технологии врз современото образование.

-Со брзиот развој на технологијата, образованието се соочува со значајни промени и предизвици.  Овој форум има цел да ги истражи можностите и заканите кои произлегуваат од интеграцијата на новите технологии во учењето. Преку дискусии и предавања, панелистите ќе споделат свои искуства и експертски мислења за тоа како технологијата може да го подобри процесот на учење, но и да се сочуваат основните вредности на традиционалниот образовен модел, соопшти организаторот. хс/лв/

Фото: Ротари клуб Скопје Академија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан