• четврток, 26 декември 2024

Обрадовиќ: „Со бучава против диктатурата“ е граѓански бунт против ненормалната Влада

Обрадовиќ: „Со бучава против диктатурата“ е граѓански бунт против ненормалната Влада
Белград, 28 ааприл 2020 (МИА) - Акцијата - „Со бучава против диктатурата“ со која граѓаните на Белград и други градови во Србија, удирајќи во тенџериња две вечери го изразуваат своето незадоволсто од вонредната состојба и власта, како што јави дописникот на МИА, наиде на поддршка на опозицијата. Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, оцени дека бучавата што ја прават граѓаните секоја вечер не е опозициски протест, туку е „граѓански бунт против ненормалната Влада“ и контродикторните мерки против новиот коронавирусот, што станаа целосно бесмислени. - Ова е граѓанска бунт против ненормалната Влада која сака да нè затвори повторно четири дена во четири sида, додејќи тие ја продолжуваат кампањата и се подготвуваат за избори веднаш по вонредната состојба, иако изборите се недозволени и од здравствени и од демократски причини, изјави Обрадовиќ на прес-конференција во српското Собрание. Тој порача дека опозицијата ќе ги поддржи протестите на граѓаните со организирање протест во четврток во 18 часот пред Парламентот против одлуката повторно да се затворат граѓаните на четири дена за првомајските празници. - Време е за бунт против властите, вака веќе не може и ова не смее да се толерира. Услов за нормален живот во Србија по пандемијата е заминување на ова ненормална власт, кажа тој. Обрадовиќ ги критикуваше лекарите односно така наречената „струка“, затоа што не биле подготвени да им укажат на властите за грешките што ги прават. Тој оцени дека тие луѓе може и да се стручни, но јасно е дека лекарите кои ја потпишале поддршката за кандидатурата на Александар Вучиќ на претходните избори немаат храброст да го прашаат зошто не бил во самоизолација, кога за време на пандемијата се врати од САД или Унгарија или кога член на семејство се разболел од новито коронавирус. Обрадовиќ додаде дека најголемо ширење на заразата и најголем број смртни случаи е забележано таму каде за безбедноста била одговорна власта односно во геронтолошките центри, меѓу здравствените работници, полицајците и војниците, додека граѓаните се придржувале кон пропишаните мерки. - Додека медицинските лица на првата линија немаа заштита, нејзе ја имаа сите во изборниот штаб на СНС. Дали е тоа нормално? Дали е нормално медицинската опрема да стои во магацини сè додека Александар Вучиќ не пристигне во сите болници за да ја достави лично.Овој вид на злоупотреба на вонредната состојба за лична промоција е кулминација на лудоста, изјави Обрадовиќ. Главниот уредник на агенцијата Бета, Драган Јањиќ, изјави дека акцијата „Бучава против диктатурата“ или „тенџере фактор“ како што ја нарече, веќе дава резултати, бидејќи Кризниот штаб ги преиспитува одлуки за строгите мерки на забрана за движење. - Бучавата со тенџериња покажа дека постои акумулирано незадоволство и гнев кај граѓаните, како заради вонредната состојба, така и заради постапките на владејачката партија. Не мислам дека со удирање во тенџериња може да се промени власта, тоа е само сигнал за високиот степен на незадоволство, а дали некој ќе може да го артикулира тоа незадоволство, тоа е сега прашање “, изјави Јањиќ за телевизија Н1. об/ми/

Остани поврзан