• четврток, 26 декември 2024

Обрадовиќ: На крајот на јуни ќе ја објавам одлуката за продолжување на мојата кариера

Обрадовиќ: На крајот на јуни ќе ја објавам одлуката за продолжување на мојата кариера
Белград, 11 јуни 2021 (МИА) – Најтрофејниот кошаркарски тренер во Европа, Желимир  Обрадовиќ, зборуваше за своите планови по сезоната 2020/21, која ја помина без ангажман. Се шпекулира дека Обрадовиќ може да го предводи Партизан. - Почнав во Партизан, ги поминав најдобрите години таму и го сакам овој клуб. Имам многу пријатели таму. На крајот на овој месец ќе ја објавам мојата одлука за тоа каде ќе ја продолжам кариерата. Треба да се согласам за сè со моето семејство и луѓето кои се важни за мене, изјави Обрадовиќ. Луѓето секогаш зборуваат нешто, но јас сè уште не преговарам со ниту еден од клубовите. Имам личност која е одговорна за моите преговори, тој ми дава информации за клубот, а потоа седнувам и разговарам за оваа опција со најблиските. Ќе дознаете сè за дваесетина дена, додаде Србинот. Обрадовиќ во својата богата тренерска кариера ги предводеше Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче. зс/

Остани поврзан